Дома Фудбал Останато Ериксен си ја отвори душата: Пет минути бев мртов🎥

Ериксен си ја отвори душата: Пет минути бев мртов🎥

Кристиан Ериксен размислува за враќање на фудбалскиот терен, повеќе од шест месеци откако колабираше на стадионот „Паркен“ на Европското првенство

Ериксен доживеа срцев удар на терен, а сега за прв пат проговори за тој момент.

„Бев мртов пет минути, а потоа ме оживеаја. Сакам да им се заблагодарам на сите кои дадоа придонес, кои ги запознав преку тешката животна ситуација низ која минував. Многумина беа загрижени, ми испраќаа мејлови, писма, цвеќиња во болница. Би сакал да им се заблагодарам на сите“, изјави Ериксен.

„Пет минути бев мртов, но тоа нема да ме спречи да се борам за место во репрезентацијата и сакам да играм на Светското првенство во Катар. Тоа е мојата цел и сон, а дали ќе ме повика селекторот, тоа е друга работа. Физички сум во совршена форма и има многу време до Мундијалот“, додаде Ериксен.

Ериксен моментално тренира во швајцарски Киасо, а веќе има неколку понуди каде да ја продолжи кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вакво нешто во Сити не се памети: Имаа рекордна заработка од продажба на фудбалери!

Нови ветришта дуваат на Етихад. Навикнати сме да Манчестер Сити многу вложува за време на …