Дома Фудбал Англија Ериксен претставен на „Олд Трафорд“: Дојдов во најголемиот клуб на светот

Ериксен претставен на „Олд Трафорд“: Дојдов во најголемиот клуб на светот

Манчестер Јунајтед денес и официјално го претстави Кристиан Ериксен, кој доаѓа на „Олд Трафорд“ како слободен агент.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ериксен после проблемите со срцето одигра одлични шест месеци во Брајтон и покажа дека може да игра на врвно ниво, па Манчестер Јунајтед му понуди соработка.

„Да се биде фудбалер на Манчестер Јунајтед е навистина нешто посебно. Пред да се случи инцидентот, воопшто не размислував да се вратам во Премиерлигата. А сега еве ме овде, во најголемиот клуб на светот. За тоа голема улога одигра и Ерик тен Хаг. Дојдов зашто сакам да играм фудбал, разговорите со него за фудбалот и идеите што ги има, влијаеја многу на мојата одлука да дојдам во Манчестер Јунајтед“, изјави Ериксен.

„Премиерниот дуел против Брајтон на домашен терен ќе биде тензичен, но се надевам убав начин да ја почнам кариерата во Манчестер јунајтед. Нема нешто подобро од тоа да дебитирам пред нашите навивачи на „Олд трафорд. Свесен сум дека можам уште многу да остварам во кариерата, а Манчестер е вистинското место за да си ги исполнам целите“, додаде Ериксен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дали в недела ќе го видиме најголемиот скандал на Мундијалите од 1982 година?

Рано наутро во недела би можеле да бидеме сведоци на нов спортски скандал на Светското прв…