Кристијан Ериксен во саботата се врати на терен.
Брентфорд го пречека Њукасл и запиша пораз од 2:0, а Ериксен доби шанса во 52. минута. После 259 дена од срцевиот удар Ериксен за првпат се појави на теренот и дебитираше на официјален натпревар за својот нов клуб. Навивачите на двата клуба го дочекаа со аплауз и овации.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Данецот не ја криеше среќата.
„Среќен човек сум. Кога ќе поминете се што сум поминал и повторно ќе заиграте тогаш чувството е фантастично. Сега ми е важно да му помогнам на клубот во борбата за опстанок“, изјави данскиот фудбалер.
Ериксен се поврзуваше со голем број клубови после раскинувањето на договорот со Интер, а на крајот се одлучи за Брентфорд каде што пристигнаа во јануарскиот преоден рок. Брентфорд до крајот на сезоната го чека борба за опстанок, неговиот тим е на 15. место со 24 освоени бодови.