Европското првенство во ракомет во машка сениорска конкуренција годинава ќе го живее своето 14 издание. Од 9-ти до 26-ти јануари премиерно шест града и три земји ќе пречекаат 24 национални тима, кои ќе се борат за еден трофеј.
Во исчекување на Европското првенство обложувалниците извадија дел од понудите. Во понудата на букмејкерите, односно во Bet365 веројатно очекувано Данска е најголемиот фаворит за освојување на златниот медал со коефициентот е 3.25 а веднаш до нив како втор фаворит е Франција со коефициент 4.60 додека на третото место се најде Шпанија со 5.50 коефициент.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Многумина нема да се сложат со овие коефициенти, но таа е реалноста во овој момент. Секако дека постојат фаворити од сенка, а многумина го спомнуваат името на Хрватска на која и фали само овој трофеј од големите натпреварувања. Но хрватите се најдоа дури на 6-то место со коефициент 11.00 а пред нив се и селекциите на Германија и Шведска.
Македонија пак се најде на 12-то место или подобро кажано на златната средина. Доколку сакате да се обложите на нашите момци, коефициентот е дури 151.00 и може да ви донесе одлична заработувачка. Интересно, но противникот во нашата група и домаќин на шампионатот Австрија е подобро рангирана од Македонија според букмејкерите.