Дури 11 натпревари беа одиграни на НБА паркетите во НБА лигата.
Настапот на вечерта дефинитивно го имаше Ентони Дејвис кој го одигра најдобриот натпревар од стартот на сезоната во победата на неговиот тим против Оклахома 118:114. Дејвис постигна 44 поени, 18 скокови, 2 асистенции, 2 украдени топки и една блокада.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неговата изведба е уште по импресивна кога ќе земеме предвид дека првата четвртина накртако мораше да ја напушти играта кога неговиот соиграч Чек Диало му падна на ногата. Исто така, Оклахома го држеше првото место на Западната конференција до овој натпревар.
Пол Џорџ беше најдобар во поразениот тим и натпреварот го заврши со 25 поени, 11 скокови и 5 асистенции, а Расел Вестбрук додаде 20 поени, 6 скокови и 7 асистенции.
Голден Стејт Вориорс го дочекаа најдобриот тим на Истокот, Торонто Рапторси кои втор натпревар беа без својот најдобар играч Каваи Леонард, но и покрај тоа стигнаа до победа и на оваа средба (славеа и на претходниот).
Со +24 паднаа Клиперси, а сега еден ден подоцна ниту шампионот во НБА немаше одговор. Торонто славеше со 113:93, а во отсуство на Леонард фантастичен беше Кајл Ловри со 23 поени и 12 асистенции. Единствен на ниво кај Вориорси беше Кевин Дурант со 30 поени, 7 скокови и 5 асистенции.
Во останатите натпревари…
Најнеизвесно беше во Вашингтон каде што Селтикси после продолженија стигнаа до победа 130:125. Нетси славеа против Филаделфија 127:124, Мемфис со добра одбрана го совлада Блејзерси со 93:82. Далас беше подобар од Атланта со одличен настап на Дончиќ (тука), Јута го прегази Мајами 111:84, Хорнетси тесно славеа против Пистонси 108:107.
Кливленд стигна до една од нивните ретки победи оваа сезона бидејќи беа подобри од Њу Јорк Никси со 113:106, а Кингси во ефикасен натпревар беа подобри од Минесота со 141:130.