Дома Фудбал Лига на шампиони Енрике по поразот од Арсенал влезе во расправија со новинар: Тебе нема да ти објаснувам – и онака ништо нема да разбереш!

Енрике по поразот од Арсенал влезе во расправија со новинар: Тебе нема да ти објаснувам – и онака ништо нема да разбереш!

Пари Сен Жермен беше поразен во дербито од Лигата на шампионите против Арсенал со 2:0 во натпревар во кој англискиот гигант доминираше од почетокот до крајот на средбата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По натпреварот разбирливо имаше незадоволство кај тренерот на Французите, Луис Енрике кој влезе и во расправија со еден од новинарите.

Енрике доби прашање да ја објасни тактиката со која настапил на оваа средба, а во тој момент одговори дрско:

„Немам намера да ја објаснувам мојата тактика, бидејќи ти и онака нема да ја разбереш. Треба да поправиме одредени работи, но сега тебе нема да ти објаснувам“, изјави Енрике.

Пред натпреварот Енрике беше во фокусот и поради конфликтот со Осман Дембеле кој остана надвор од тимот за оваа средба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Челси со сензационна понуда за уште еден ветеран

Челси подготвува уште еден сензационен трансфер. Откако стана јасно дека блиску до договор…