Дома Фудбал Англија Енрике постави нов услов за Арсенал, но сега ќе мора да одбере само еден

Енрике постави нов услов за Арсенал, но сега ќе мора да одбере само еден

Управата на Арсенал ова лето ќе има полни раце работа за да ја пронајде замената за Венгер кој по 22 години одлучи да ги напушти „Топчиите“.

Венгер неодамна потврди дека повеќе нема да биде тренер на лондонскиот клуб во кој пристигна 1996. година. Арсенал веќе почна да бара нов тренер, а според пишувањето на англиските медиуми на листата има неколку тренерски имиња.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Еден од нив е и поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике, за кој многу навивачи веруваат дека би бил најдобро решение. Меѓутоа, Енрике прво инсистираше на тоа дека ќе му биде потребна сума на пари ова лето за да доведе неколку засилувања, бидејќи не е задоволен од она што во моментов го имаат на „Емирати“.

Но, „Мирор“ денеска објави дека шпанскиот стратег му поставил нов услов за Арсенал. Наводно, Енрике сака годишна плата од 15 милиони евра, што е многу повеќе од она што „Топчиите“ го нудат. Од Арсенал се подготвени да исполнат само едно барање на Енрике и ќе мора да одлучи дали на лето ќе сака буџет за засилувања или платата која ја бара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…