Селекторот на Шпанија, Луис Енрике ја коментираше ситуацијата со Лионел Меси во Барселона.
Поранешниот тренер на Каталонците тврди дека секој клуб е поголем од поединците и смета дека Барселона ќе продолжи да освојува трофеи и без Меси.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Станува збор за многу деликатна тема, но сега ќе се огласам. Клубовите сегакош се над се и над секого. Вистина е, Лео направи Барселона многу да напредне, но ќе бидам искрен. Ќе беше многу подобро ако се постигнеше договор меѓу двете страни“, истакна Енрике.
„Порано или подоцна, Меси ќе престане да игра за Барса. Би било добро да имате меѓусебна благодарност, како и попријателска ситуација. Ќе биде жално денот кога тој ќе замине. Нема да гледаме одличен играч, но клубот ќе продолжи да освојува трофеи без Меси, а Меси ќе продолжи да биде неверојатен уште многу години ако замине“, заклучи Енрике.