Емре Џан силно посакуваше во Јувентус, а желбата му се оствари минатото лето. Почека да му истече договорот со Ливерпул и како слободен играч пристигна во Торино.
Сепак, се чини дека направи голема грешка.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Германскиот репрезентативец ретко игра во Јуве, а веќе неколку пати јавно зборуваше дека не е задоволен од ситуацијата во која моментално се наоѓа.
Почна веќе да се шпекулира за можен трансфер во јануари, а сега повторно зборуваше за својата ситуација и иднината.
Иако нема голема минутажа во Јуве, тоа за сега не се одрази на неговата репрезентативна кариера, па синоќа и помогна на Германија во победата од 6:1 над С. Ирска.
„Се уште сум играч на Јувентус.“ – изјави Џан после синоќешниот натпревар и додаде:
„Очигледно е дека не сум задоволен од својата ситуација, но давам се од себе на секој тренинг. Се обидувам да ја променам ситуацијата, бидејќи ниеден играч не е среќен кога не игра.“
„Тоа е мојата моментална ситуација во Торино и мора во текот на зимата да размислам што е најпаметно. Сигурно е дека се гледам во Торино, но ситуацијата мора да се промени.“ – порача Џан.