Дома Фудбал Италија Емполи со два гола во три минути до пресврт и победа против Фиорентина 🎥

Емполи со два гола во три минути до пресврт и победа против Фиорентина 🎥

Тимот на Емполи успеа да направи голем пресврт и да ја победи Фиорентина со 2:1 во рамките од 14. коло во Серија А.

Фиорентина имаше предност со голот на одличниот Душан Влаховиќ во 57. минута кој ја продолжи својата гол-серија. Изгледаше дека „виолетовите“ ќе дојдат до победата, но тоа не се случи.

Емполи ги скористи своите одлични три минути и во 87. и 90. минута постигнаа два гола за целосен пресврт. Стрелци на головите за Емполи беа Бандинели и Пинамонти.

Во вториот натпревар во истиот термин Сампдорија со пресврт дојде до победа против Верона (3:1).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мбапе јасно побара Златна топка и изнесе аргумент кој тешко се оспорува

Килијан Мбапе се најде во центарот на уште една голема дебата за добитникот на Златната то…