Eмотивно простување после 140 натпревари.
После четири години и 140 натпревари, дојде моментот за разделба помеѓу Фиорентина и Милан Бадељ. Хрватскиот играч од средината заминува како слободен играч откако одби да го продолжи договорот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Следна негова дестинација најверојатно ќе биде Милан кој му понуди договор на три години си плата од два милиони евра по сезона.
Хрватот со емотивно писмо се прости од Фиорентина и навивачите на овој клуб.
„Во животот секогаш немате лесни избори, дури и кога изгледаат како такви. Сите сме различни и оние кои ме познаваат знаат дека сум човек кој секогаш се труди да напредува. Можеби грешам, но сакам да продолжам понатаму оставајќи го градот кој го сметам за втор дом. Место каде што пронајдов искреност и среќа. Сепак, морам да размислам бидејќи реално кариерата на еден фудбалер не трае долго и за жал сум во таква ситуација да се простам од Фиорентина. Многу работи ми паѓаат на памет и затоа сакам да се обратам до секој од вас, да се извинам и да се обидам да ја објаснам мојата одлука. Вие тоа го заслужувате. Дури и многу повеќе, поради вашата лојалност“.
„Дозволете да ви кажам БЛАГОДАРАМ, напишано со големи букви. ТИ БЛАГОДАРАМ ФИРЕНЦО! Овде поминав незборавни моменти, добри и лоши, но секогаш се држевме заедно. Поради тоа се чуствувам како еден од ВАС. Ви благодарам на сите кои бевте покрај мене, тренерите, соработниците, сите поранешни и сегашни соиграчи на сите со кои ги славевме погодоците и одевме со кренати глави после поразите. Секогаш со желба за победа. Благодарност и до медицинскиот тим кој секогаш беше на висина на задачата и работеше голема работа од сенка. Му благодарам на економот кој се грижеше за нас како да сме негови деца“.
„Не ми е лесно да останам со мирна глава и да изразам што чуствувам. Но во едно сум сигурен, за сите овие години туку пораснав како човек. Пред се, дозволете да им кажам благодарам на моите соиграчи оваа сезона. Да не објаснувам зошто“…Напиша Бадељ потсетувајќи на тешката ситуација со која се соочија тој и неговите соиграчи, загубата на лидерот и капитен, Давиде Астори.