Бразилската легенда Рикардо Кака објави дека заминува во пензија, но потврди дека сака да остане да работи во фудбалот.
Во разговор со бразилсиот „Глобо“, 35-годишниот Кака откри дека сака да остане да работи во фудбалот и дека веќе има понуди.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Разговарав со семејството и тие ми помогнаа да ја донесам оваа одлука. Мојот циклус на професионален фудбалер завршува овде“, изјави Кака.
„Сега ќе се припремам за продолжување на кариерата во фудбалот, но во друга улога. Би сакал да работам како менаџер, спортски директор или некоја друга улога која ги поврзува теренот со функционерите на клубот“, додаде Кака и откри дека има конкрентна понуда од Милан.
„Вистина е, Милан му претстави една многу интересна понуда. Ќе видиме“, откри легендата на „росонерите“.
Father,
It was much more than I could ever imagined. Thank you! I’m now ready for the next journey. In Jesus name. Amem.Pai,
Foi muito mais do que eu pedi ou imaginei!Obrigado! Eis-me aqui para próxima jornada. Em nome de Jesus. Amém. pic.twitter.com/PofZBAV0BE— Kaka (@KAKA) December 17, 2017