Славниот Силвио Берлускони почина денес на 86-годишна возраст во болницата Сан Рафаело во Милано. Подолго од три децении Берлускони беше претседател на Милан и токму во неговата ера клубот помина низ најславните денови.
Љубовта кон Милан на Берлускони се родила како дете кога со неговиот татко одел да ги гледа натпреварите на „росонерите“, а откако успешно ја основаше и создаде медиумската компанија „Медијасет“ стана претседател на клубот во 1986 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во периодот кога дојде во клубот, Милан беше во лоша финансиска ситуација, но Берлускони успеа од него да направи вистински гигант во италијанскиот фудбал.
„Утре ќе сонува други цели, ќе смислуваме нови предизвици, ќе бараме нови победи. Тие треба да бидат вредни за откривање на она што е добро, силно и вистинито во сите нас кој бевме дел од оваа авантура поврзана со животниот сон наречен Милано. Ти благодариме, претседателе, засекогаш со нас“, објави Милан.
Eмотивна порака порака испрати и Адријано Галијани кој беше најблизок соработник на Берлускони и во Милан и во Монца.
„Празнина која никогаш нема да може да се пополни, засекогаш остануваш со нас. Ти благодарам за се претседателе“, изјави Галијани.
Adriano Galliani e tutto AC Monza piangono affranti la scomparsa di Silvio Berlusconi: “Un vuoto che non potrà mai essere colmato, per sempre con noi. Grazie di tutto Presidente”. pic.twitter.com/URLk802bcJ
— AC Monza (@ACMonza) June 12, 2023