Дома Фудбал Останато Емотивната порака на Балотели до Астори: Доцна е, но знам дека си таму некаде и не гледаш, овој гол е за тебе…

Емотивната порака на Балотели до Астори: Доцна е, но знам дека си таму некаде и не гледаш, овој гол е за тебе…

Марио Балотели после четири години се врати во репрезентацијата на Италија и во вчерашниот пријателски натпревар против Саудиска Арабија постигна погодок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Аѕурите“ на стадионот во „Сент Гален“ успеаа да слават со 2:1, а првиот гол за Италија го постигна Марио Балотели.

Балотели мрежата на Саудиска Арабија ја затресе во 21 минута од натпреварот, а потоа откри и на кого го посветил голот.

„Овој гол е за Давиде Астори. Знам дека е доцна и дека си некаде таму, но убеден сум дека ги гледаш натпреварите заедно со мојот татко. Овој гол, иако не значи многу, одлучив да го посветам на тебе“, порача Балотели преку Инстаграм.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Скандал на турнирот? ФИФА ја укина суспензијата на американскиот напаѓач (Видео)

Напаѓачот на репрезентацијата на Соединетите Американски Држави Фоларин Балогун ќе биде до…