Дома Фудбал Италија Емотивната животна приказна на Лоренцо Инсиње – И Бог го сака Неапол

Емотивната животна приказна на Лоренцо Инсиње – И Бог го сака Неапол

insigne

Лоренцо Инсиње (26) го исполни својот сон играјќи за клубот за кој навива тој и неговото цело семејство.

Роден во Неапол, а растеше во Фратамаџиоре, Инсиње за порталот „The Player Tribune“ напиша емотивна исповест за тоа што него му значат Наполи и Неапол.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Пред да ја започнам оваа приказна би сакал да му се извинам на Богот. Бог за мене „D10S“, односно Диего Армандо Марадона. Би сакал му се извинам и на својот татко“…

„Кога имав осум години, направив грев. Можеби тоа не е грев за нормалните луѓе, но кога си растел во Неапол, посебно во времето кога јас бев дете, тоа дефинитивно беше грев. Само што започнав да играм фудбал во локалната фудбалска школа и сакав вистински копачки. До тогаш ги немав, бидејќи воопшто не требаше да се занимавам со фудбал. Бев премлад и премал, но не ме интересираше.“.

„Сакав да се занимавам со фудбалот по секоја цена, па така еден ден дојдов на тренинг со постариот брат и требаше само да го гледаме. Но јас имав поинакви планови. Буквално ги приморав да ме пуштат на терен бидејќи преку целиот ден плачев. Навистина беше драматично. Конечно, еден од тренерите се смилува“.

„Ајде, ајде Пуштете го малиот неколку минути“, довикна тренерот.

„Веројатно само сакаа да ме смират, но веројатно покажав талент и ми кажаа дека можам да дојдам и следниот тренинг. Бевме пресреќен, но немав копачки. Секој ден го молев мојот татко да ми купи. Но, постоеа два проблеми. Прво, немавме пари. Растев во Фатамаџиоре сиромашен дел на Неапол, живеевме скромно. Ситуацијата во градот беше тешка, немаше работа и многу семејство тешко излегуваа на крај и беше невозможно да добијам нови копачки“.

„Второ, јас сакав специфични копачки. Оние со знакот на R9. Копачките на генијалецот, Роналдо. Се сеќавате на нив? Беа сребрено сини со жолти детали. Роналдо со нив играше на Светското првенство во 1998. Секој ден иста приказна – Татооо, те молам, купи ми ги копачките на Роналдо. Тато, тато, копачките!“.

Lorenzo Insigne Shares His Journey to Napoli

When scouts discarded Lorenzo Insigne because of his height, his dream to play for SSC Napoli only grew stronger.His story: http://playerstribu.ne/Insigne

Posted by The Players' Tribune on Montag, 19. Februar 2018

„Кога ќе размислам за таа ситуација, човекот веројатно сакаше да ме убие. Единствениот играч за кој мојот татко зборуваше беше Марадона, па така беше грв да се спомене било кој друг. Уште кога растеш во ситуација како неговата, кога си легенда во целиот свет. Но во Неапол? Во Неапол?“.

„Овде тој беше божество. Тато сакаше да ми купи некои обични црни копачки, какви што носеше Диего Марадона. Но јас му кажав дека Роналдо е подобар. Тато, извини! Диего, извини! Тато беше голем навивач на Наполи, а Роналдо тогаш играше за Интер. Но јас бев само дете опседнато со Роналдо и тие копачки. Така еден ден, како гром од ведро небо дојде и кажа:

„Ајде, идеме да ги купиме тие копачки“.

„Знам дека тато сигурно немаше пари за нив, но некако успеа да собере за мене. Не можам да ви опишам како се чуствував додека одевме низ градот. Во првиот дуќан ги немаше, како и во вториот, во третиот ги имаше, но не и мојот број. Поминавме неколку продавници, практично целиот град, но не успеавме да ги најдеме. Се сеќавам дека веќе падна мрак и дека бев многу тажен. Конечно, кога веќе дуќаните се затвараа во еден успеавме да ги најдеме и да, го имаше мојот број!“.

„Знаете и сами, постојат некои сцени од животот кои засекогаш ви остануваат врежани во спомените, кои никогаш нема да ги заборавите. Сигурен сум, сигурен дека засекогаш ќе го паметам тој момент кога тато ги дава парите на продавачот, а јас ја добивам кутијата. Тоа беше најдобриот подарок кој некогаш сум го добил во својот живот. Интересно, денес секогаш ги добивам копачките кои ги сакам. Со тоа се изгуби смислата и денес повеќе тоа ништо не значи“.

„Но тогаш за мене тој момент значеше се. Тие копачки…Не можам да опишам како се чуствував првиот пат кога ги облеков: Во ред, можеби сум мал и можеби сум од сиромашно семејство и можеби воопшто не сум некој фудбалер. Но, носам копачки какви што носеше генијалецот Роналдо. Кој знае, можеби еден ден ќе бидам добар како и тој…“

„Најсериозно, ги чистев тие копачки секој ден. Некогаш игравме на лоши терени и полни со кал и камења. Јас секој ден после тренингот ги чистев копачките бидејќи знаев дека мојот татко се жртвувавше да ми ги купи. Толку долго ги носев што буквално се распаднаа, не можев да купам нови бидејќи повеќе не се продаваа. Плачев кога повеќе не можев да ги носам бидејќи навистина многу ми значеа. За мене тие беа нешто свето“.

„Можеби сум луд, кој знае. Доколку ме прашате, луд сум од мали нозе. Мама ми кажа дека не сум бил баш нормален додека одев во градинка. Дојде по мене, но сите нормални деца играа со лего коцки. Тоа го правеа сите нормални деца, а јас трчав наоколу и глумев дек нешто шутирам. Не им беше јасно што правам и кога ќе дојдеа поблиску разбираа дека шутирам топка која ја направив од лист хартија. Сигурно нешто друго можев да направам со тој лист, но јас одлучив да го искористам за топка“.

„Од кога знаев за себе имав еден сон. Даи грам за Наполи во тој син дрес, на „Сан Паоло“. Ништо друго за мене не беше важно. Ниту еден друг спорт не ме интересираше. Само фудбалот. Но, како што растев и одев на проба во разни клубови, Интер, Торино, па дури и Наполи сите ми кажуваа иста работа. Не на мене, на татко ми кој ми ја пренесуваше тажната вест“.

„Добар е малиот, но е пренизок“.

„Ние Италијаните сме искрен народ, се ќе ти кажеме во лице. Така и тие на мојот татко. Сите клубови ме одбија поради висината. Кога во Торино ми го кажаа тоа одлучив дека нема да играм фудбал. Имав 14 години. Му кажав на моето семејство дека сум бескорисен и дека нема надеж. Техниката можеш да ја поправиш, можеш да ја станеше побрз или посилен, но кога висината е во прашање, тогаш си немоќен. Секое утро се будев со надеж дека можеби малку пораснав во текот на ноќта, но немаше ништо од тоа. Еден ден му кажав на мојот татко дека е доста. Не се налути, беше мирен и само ме праша: Што ќе правиш тогаш?“.

„Лошо. Навистина, што ќе правам во животот?“.

„Тогаш разбрав дека сепак фудбалот е нешто што ме интересира, па продолжив да тренирам во локалниот клуб. Конечно, кога наполнив 15 години. Наполи ме повика на проба. Се сеќавам дека многу деца одеа на проба, навистина многу. Но, од за мене непознати причини, скаутот на Наполи се одлучи за мене и ме повика. Кога дојдов во таа младинска школа…Целото мое семејство жестоко навива за Наполи, но немавме пари за да одиме на натпреварите. Сега бев дел од клубот и буквално ги молев тренерите да ме стават да собирам топки на натпреварите на првиот тим, само така можев да бидам на „Сан Паоло“.

„Само да бидам на тој стадион, тоа чуство, таа енергија, ако си роден во овој град тоа е нешто посебно, навистина не можам да ви опишам. Си помислив: Кога би можел да одиграм еден натпревар на овој стадион би умрел среќен“.

„И доаѓа мојот прв натпревар за сениорскиот тим на Наполи, играме против Ливорно. Тогаш никој од моето семејство не можеше да ме гледа во живо, а тоа навистина многу ми значеше. Знаете, голема работа е едно дете од Фратомаџиоре да заврши во дресот на Наполи. После натпреварот, тато дојде по мене. Го прашав дали спремаат некаков дочек во квартот“.

„Не, Лоренцо. Сите се навистина горди и среќни за тебе, но доцна е луѓето спијат“.

„Нема шанси, му одговорив“

„Не сериозни, не би сакал да се разочараш, но навистина нема никој, ме убедуваше татко ми“.

„Секако, стигнавме дома и целиот кварт беше на улица. Сите пријатели, семејство, соседи, цело Фратаџиоре. Никогаш нема да го заборавам изрзот на лицето на мојата мајка. Беше пресреќна. Таа беше најголем навивач на Наполи од сите нас, верувајте ми. И денес кога доаѓам дома, она ги гледа снимките од натпреварите“.

„Нас Наполи ни тече во нашата крв. Се во животот му должам на т ој клуб кој беше со мене кога ми беше најтешко. После дебито во 2010 заминав на позајмица во Фоџа и Пескара во Серија Ц и Б. Во Фоџа тренер ми беше големиот Зднек Земан. Беше навистина тренер кој бара многу. Секој ден сите играчи мораа да одат кај него во канцеларија. Ја отвараш вратата и не можеш да видиш ништо од димот. Магла. Како да си во Милано, ха, ха, ха.

„Тренеру, дали сте размислувале да не пушите додека сме ние внатре, го запрашав до една прилика“.

„Размислуваше една секунда и ми одговори: Можеш да одиш ако ти пречи“.

„Го обожавав. Имавме одличен однос. Навистина веруваше во мене и мислам дека многу ми помогна во мојата кариера. Таа сезона постигнав 18 голови и кога Земан замина во Пескара следната сезона, Наполи ми овозможи да одам со него. Тоа беше клучен момент во мојата кариера и многу важна година, бидејќи ја запознав мојата сопруга, Џени’.

„Ако знаете нешто за јужна Италија, тогаш нема да се изненадите ако ви кажам дека ја запознав преку еден роднина кој одеше со мене во школата на Фратамаџиоре. Таму секој, знае секого. Кога ја видов знаев дека тоа е таа. Проблемот беше што живееше на 250 километри од мене, во Пескара“.

„И кажав: Дојди кај мене“.

„Пак ќе повторам, ако знаете нешто за јужна Италија тогаш знаете што одговорија нејзините родители. Немаше никакви шанси да ја пушата кај мене. Ете, имав двојна мотивација. Морав да бидам  толку добар за Наполи да ме врати, а јас да бидам поблиску до Џени“.

-„Ништо таа сезона не можеше да ме запре. Постигнав 19 погодоци, позајмицата завршо и на крајот од сезоната дојдов на сотанок кај Валтер Мацари. Тој ми кажа: ќе мораш многу да се бориш бидејќи конкуренцијата огромна“.

„Нема проблем. Никогаш во животот не ми поклониле ништо, па нема ниви“ одговорив.

„Така и беше. Изборив место во тимот на почетокот на сезоната го постигнав и својот прв гол. Игравме против Парма. Беше посебно бидејќи пред натпреваров дознав дека Џени е бремен. Постигнав гол и ја стави топката под дресот. Се сеќавам дека целиот стадион го скандираше моето име. Тоа е чуство кое само јас знам какво е, не можам да ви го опишам“.

„Веќе шест години играм во Наполи и секој ден кога постигнувам голови ме преплавуваат исти емоции. Тоа навистина многу ми значеше, горд сум што сум од овој град. За мене Наполи е најдобриот град во светот. Ако не верувате прашајте ги моите соиграчи и колку од нив можеа да играат за големи клубови, но сите останаа тука. Најдобар пример е капитенот Марек Хамшик. Тој е Словак кој нема никаква врска со Наполи, овде сме веќе 11 години. Ги прашувам него и другите странци и сите ми кажуваат дека го обожаваат градот и животот во Неапол“.

„Не би било лошо оние кои лошо зборуваат за Наполи да го променат мислењет. Луѓе па и Бог (Марадона) уживаше овде“.

„Денес кога излегувам на стадионот во својот град, секогаш се сеќавам. Еј, тука играше најголемиот на сите времиња. Тука играше Диего Армандо Марадона“.

„Господине Роналдо имавме одлични копачки. Вие сте гениј и бевте моја најголема инспирација. Но јас сум од Неапол што значи дека за мене постои само еден крај. Неговото име е Диего“.

Лоренцо Инсиње.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…