Неколку дена после дербито помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ на „Сантиаго Беранбеу“ прашината се уште не спласнува.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тренерот на „светците“ Унаи Емери смета дека судијата немал подеднаков критериум во тој натпревар, но и покрај поразот тој верува дека неговиот тим ќе се избори за четвртфинале.
„Го сакам истиот судија за повратниот меч, но да го има и истиот критериум за домаќините. Вчера го гледав натпреварот меѓу Лион и Вилјареал, судењето беше максимално рамноправно. Би сакал повеќе вакви судии и за нас. Ќе ви дадам уште еден пример. Пред пеналот врз Крос, имаше чист офсајд во акцијата“, изјави Емери.
„Сигурен сум дека ќе минеме во наредната фаза, останува уште еден натпревар. Ја преземам целата одговорност и не размислувам за иднината. Мојата енергија е концентирана на она што следи, останатото не ми е важно“, додаде тренерот на ПСЖ.