Изгледа дека Месут Озил повеќе нема иднина во Арсенал.
Главниот тренер на Арсенал, Унаи Емери, коментирајќи го натпреварот против Сатандард доби прашање и зошто Озил не е во тимот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Мислам дека секогаш ги бирам најдобрите играчи за секој натпревар и најдобрите играчи за тимот, верувам дека тие кои сум ги избрал ќе донесат резултат. Ако Озил не е во тимот тоа е затоа што не кој друг заслужува да биде избран пред него“, искрено изјави Емери.
Озил не беше во ростерот за натпреварот против Стандард како ни за натпреварот против Манчестер Јунајтед во понеделеникот.
Како што стојат работите Германецот многу веројатно наскроо ќе го гледаме во нов клуб.