Дома Фудбал Ел Шарави блесна во Кина: Во 20 минути два пати го лобуваше голманот (ВИДЕО)

Ел Шарави блесна во Кина: Во 20 минути два пати го лобуваше голманот (ВИДЕО)

Шангај Шенуоха славеше на гости кај Далијан Џифанг со 3:2 во полуфиналето од кинескиот куп.

Херој на Шангај беше поранешниот напаѓач на Рома Стефан Ел Шарави кој постигна два гола, додека еден беше дело на Морено.

Ел Шарави на два пати во дваесетина минути го лобуваше противничкиот голман, прво во 22-та минута, а потоа во финишот од полувремето.

На овој натпревар во листата на стрелци се запиша и Марек Хамшик кој во Кина пристигна од Наполи, но неговиот гол за 1:0 во 14-тата минута не беше доволен за Далијан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Риера бара пресврт во Звезда: Убавата игра не ги решава проблемите

Црвена звезда покажува напредок во играта, но резултатите сè уште не го следат. Дуелот со …