Дома Фудбал „Ел Класико“ повторно може да биде одложено – најавени масовни протести

„Ел Класико“ повторно може да биде одложено – најавени масовни протести

Големото дерби помеѓу Барселона и Реал Мадрид, повторно е доведено под знак прашалник поради најавените протести во каталонската престолнина.

Каталонската платформа „Демократско цунами“ денеска ги повика приврзаниците за независност на Каталонија на масовен осумдневен протест пред стадионот „Камп Ноу“, каде ќе се игра најголемото шпанско фудбалско дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во соопштението, Демократско цунами нагаласува дека повеќе од 18.000 луѓе веќе го потврдиле своето учество преку социјалните мрежи. Платформата ги покани демонстрантите на четири места околу стадионот во 16 часот, само четири часа пред да започне натпреварот.

Во октомври, Демократско цунами собра 25.000 демонстранти на меѓународниот аеродром „Ел Прат“, каде се судрија со полицијата додека се обидоа да го блокираат аеродромот и да го прекинат воздушниот сообраќај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…