Дома Фудбал „Ел Класико“ на 10.000 километри од Барселона?

„Ел Класико“ на 10.000 километри од Барселона?

Првото „Ел Класико“ оваа година е закажано за на 26-ти октомври и треба да се одигра на „Ноу Камп“. Меѓутоа овој натпревар е под голем знак прашалник.

Имено, управата на Ла Лига, но и комплетната власт во оваа земја се загрижени за овој натпревар поради напнатоста која владее во Каталонија поради одлуката на судот во Мадрид за затворски казни за организаторите на референдумот пред две години.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


Најреална можност изгледа е „Ел Класико“ да се одложи, а дел од шпанските медиуми пишуваат дека тоа сценарио е избрано и дека натпреварот ќе биде преместен за на 18-ти декември. Официјална потврда нема за такво нешто.

Сега наводно се појавила и трета опција. Аргентинците пишуваат дека се понудиле во Буенос Аирес да го организираат најголемиот шпански натпревар.

Ќе потсетиме минатата година Суперкласико принудно се играше на „Бернабеу“, па сега Аргентинците сакаат да ја возвратат услугата. Инаку, Буенос Аирес од Барселона е одалечен 10.000 километри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалер на Барселона го понижил Манчестер сити како никој досега

Манчестер Сити оваа сезона игра навистина слабо и постои голема можност да останат без тро…