Дома Топ вести „Ел Класико“ за Реал, Ла Лига ќе биде супер интересна!

„Ел Класико“ за Реал, Ла Лига ќе биде супер интересна!

Вечерва во рамките од 30. коло од Ла Лига се одигра „Ел Класико“ во кое на крајот како победник излезе Реал Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Барселона ја имаше иницијативата, но Реал ги користеше приликите.

Резултатот беше отворен со мајсторскио гол со пета на Бензема после додавањето Лукас Васкез. Во 28. минута Реал веќе имаше 2:0, Тер Штеген овој пат беше совладан од Тони Крос кој погоди од слободен удар.

Реал по овој втор гол погоди и една статива. И Барселона имаше статива во самата завршница од полувремето, Меси беше многу блиску да погоди директно од корнер.

После 15 минути игра во второто полувреме Барселона дојде до гол и тоа преку Оскар Мигуеза. Алба нафрли, а Мигуеза некако се снајде и ја смести топката во мрежата.

До крајот резултатот не се промени, а во 84. минута видовме ситуација која сигурно ќе биде предмет на коментирање. Брајтвајт падна во шеснаесетникот по еден контакт со Менди, но главниот судија не се огласи.

Во финишот од натпреварот Касемиро беше исклучен, но веќе беше доцна за Барса нешто да искористи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Зошто Барселона не го повлече дресот со број 10 на Меси? Специјалното правило го објаснува тоа

ЛИОНЕЛ МЕСИ остави неизбришлив белег во Барселона, и според многу фанови, клубот требаше д…