Дома Фудбал Ел Класико во новата сезона ќе го гледаме порано од вообичаеното

Ел Класико во новата сезона ќе го гледаме порано од вообичаеното

Новата сезона во шпанската Ла Лига започнува на 18. август, а титулата ќе ја брани екипата на Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Денеска е објавен распоредот на натпреварите за новата сезона, а актуелниот шампион Барселона во првото коло на својот стадионот ќе го пречека Депортиво Алавес, додека Реал Мадрид пред своите навивачи ќе игра против Гетафе.

Се разбира, на првото место е Ел Класико кој оваа година по девет сезони прв пат ќе го гледаме без Роналдо. Вообичаено, Ел Класико се играше на крајот на декември и април, но овој пат тој натпревар ќе го гледаме малку порано.

Првиот натпревар е на „Камп Ноу“ на 28. октомври оваа година кога Барса ќе го пречека Реал, а вториот натпревар во Ла Лига ќе се одигра во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ на 3. март следната година.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Онана нема да се врати во Манчестер Јунајтед

Андре Онана ќе продолжи да игра во Трабзонспор, откако турскиот клуб договори со Манчестер…