Дома Македонски спорт Елмас: Три месеци размислувам за овој момент, одиме таму да ја поминеме групата!

Елмас: Три месеци размислувам за овој момент, одиме таму да ја поминеме групата!

Македонската фудбалска репрезентација ги стартуваше подготовките за Европското првенство, а денес изјава за медиумите даде македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас.

Елмас зборуваше за неговите очекувања за Европското првенство и чувството да се претставува својата држава на едно вакво големо натпреварување.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Чувстото е прекрасно затоа што знаеме што направивме до сега, но продолжуваме напорно со работа. Сите тука и ние играчите и селекторот сонуваме за поголеми успеси. И пред Грузија кажав дека не се задоволуваме со еден пласма на Европското, јас и уште неколку помлади играчи игравме на младинското Евро, дојдовме тука за заедно да си помогнеме со поискусните“

„Три месеци размислувам само за овој момент, од кога сум тука на собирот за мене е постои само ова. Европското првенстов е сон за секој играч, трема нормално е да постои, јас велам – ако нема трема нема и успех, мора да има некое жарче“

Нема дилеми верува дека Македонија може да ја помине групата.

„Кога ќе видиш дека ти си дел од нешто што го краси цел народ, тоа те прави уште повеќе горд. Ако јас се прашувам Македонија може да направи големи работи на Европското првенство, покажавме и во претходните квалификации дека можеме да играме со силни селекции, сепак Европското првенство е нешто поинаку. Сакаме да покажеме дека не сме случајно таму и дека не одиме само да прошетаме. Секогаш сум оптимист, одиме таму сите заедно да ја поминеме групата“, порача Елмас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ПСЖ и Дортмунд се први полуфиналисти во ЛШ

Пари Сент Жермен и Борусија Дортмунд обезбедија полуфинале откако вечерва беа подобри од Б…