Дома Македонски спорт Елмас одигра супер полувреме и се најде на насловната страна на „Коирере дело Спорт“ (ФОТО)

Елмас одигра супер полувреме и се најде на насловната страна на „Коирере дело Спорт“ (ФОТО)

Вчера Елиф Елмас за прв пат беше стартер во Наполи.

Елмас одигра едно полувреме против француски Марсеј и одигра важна улога при постигнувањето на голот на Наполи кога со едно додавање отвори простор да се развие акција после која Мертенс ја погоди мрежата.

https://youtu.be/12V0z27aQqU

Меѓутоа не беше само тој момент, Елмас констатно учествуваше во играта, а дека одигра одлично полувреме покажува и тоа дека се најде на насловната страна на еден од најпознатите италијански весници „Кориере дело Спорт“.

„Елмас го маѓепска Анчелоти“, е насловот со кој „Кориере“ ја опишува играта на Елмас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…