Дома Македонски спорт „Елмас е „џокерот“ на Спалети, а сега пола Европа ќе сака да го доведе“

„Елмас е „џокерот“ на Спалети, а сега пола Европа ќе сака да го доведе“

Наполи сезонава по 33 години повторно успеа да ја освои шампионската титула во Италија, а дел од оваа фантастична генерација предводена од Лучијано Спалети е и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

По освоеното Скудето познатиот „Тутуспорт“ направи анализа на она што го одигра македонскиот „дијамант“ и најави што би можело да го чека во иднина.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Елмас е „џокерот“ на Спалети, играч без кој тимот не може. Може да игра на повеќе позиции како играч за врска, офанзивен играч, класично крило, па дури и класичен напаѓач како што играше видовме во Лигата на шампионите против Милан. На сите натпревари успеваше да ги надмине очекувањата, со асистенцијата за Распадори против Јувентус се покажува неговата разноврсност.

„Јасно е дека заслужува да игра повеќе, не може и понатаму да биде само алтернатива. Ќе му биде тешко на Наполи да го задржи по најавите дека „пола“ Европа и најголемите италијански клубови ќе сакаат да го доведат. Засега Елмас порачува дека сака да остане во Наполи“, стои во еден дел од анализата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ливерпул се откажа од Алонсо, замената за Клоп ја најде во Португалија!?

Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерп…