Дома Фудбал Италија Елмас доби 20-тина минути, Наполи минимално го доби Лацио (ВИДЕО)

Елмас доби 20-тина минути, Наполи минимално го доби Лацио (ВИДЕО)

Вечерва на стадионот „Сан Паоло“ беше одигран натпреварот од четвртфиналето во Купот на Италија. Наполи кој е во лоша форма го пречека Лацио кој пак игра одлично.

Натпреварот имаше навистина бурен старт. Лоренцо Инсиње го отвори резултатот уште во втората минута. Веќе во 9. минута Лацио доби прилика да изедначи, меѓутоа Имобиле катастрофално го изведе ударот од белата точка.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Десет минути подоцна Наполи остана со играч помалку, исклучување заработи Хисај кој доби втор жолт картон. Шест минути подоцна видовме ново исклучување овој пат од редовите на Лацио, Лукас Леива како и Хисај со вториот жолт картон предвреме го заврши натпреварот.

Во продолжение гледавме нешто помирен натпревар. Финишот на натпреварот донесе возбудвања, видовме две погодени стативи, по една на двете страни. Треба да се спомене и дека Лацио два пати ја тресеше мрежата, меѓутоа во двете ситуации имаше офсајд.

Елиф Елмас денес од Гатузо добие дваесетина минути, нашиот фудбалер во игра влезе во 67. минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…