Новак Ѓоковиж доживеа елиминација уште во третото коло на УС Опен, а ваквата ситуација може да му донесе ситуација како што воопшто не замислуваше.
Имено, тенисерот од Србија би можел да го пропушти финалето на АТП во Торино, каде што одат осумте најдобри тенисери на АТП листата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ има 3260 освоени поени, а границата за финалето на АТП е 6145 поени. Доколку осум тенисери не ја достигнат таа бројка, тогаш место обезбедуваат најдобрите осум по АТП пласманот.
Со оглед на тоа што до крајот на годината нема повеќе Грен слем турнири, преостанатите АТП 1000, 500 и 250 турнири, јасно е дека АТП финалето ќе го одреди конечниот пласман на АТП литата.
На осмото место е Алекс де Минаур со 3005 поени, а тука се уште Фриц (2790), Циципас (2725), Димитров (2635), Пол (2635)…
Значи, постои опција Ѓоковиќ да падне под осмата позиција и така не би учествувал на завршниот турнир.