Дома Фудбал Екс-претседателот на Реал Мадрид го исмеа Куртоа (фото)

Екс-претседателот на Реал Мадрид го исмеа Куртоа (фото)

Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон по дуелот против Бриж му се потсмеваше на Тибо Куртоа.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Белгискиот голман кој прими два гола од три удари кон неговиот гол на синќешниот меч против Клуб Бриж е предмет за потсмев на социјалните мрежи.

Ниту поранешниот претседател на Реал Мадрид, Роман Калдерон не издржа, па на својот Твитер постираше фотографија од насмеаниот Кејлор Навас.

За потсетување, Навас го изгуби стандардното место во Реал по доаѓањето на Куртоа и се пресели во ПСЖ.

Куртоа беше исвиркан од навивачите по двата примени гола и беше заменет на полувреме. На негово место во игра влезе Алфонс Ареола, но подоцна беше обелоденето дека замената е извршена поради здравствени проблеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА сака 64 земји на Светското првенство во 2030! Постои една причин…

Претстојното Светско првенство брои 48 учесници, но тука не завршуваат проширувањата. Најг…