Дома Фудбал Англија Експресно откриено: Конте е причината за заминувањето на Еменало? (Видео)

Експресно откриено: Конте е причината за заминувањето на Еменало? (Видео)

emenalo konte

Eкипата на Челзи денес остана без Мајкл Еменало, човекот кој десет години ја извршуваше функцијата технички директор на клубот, па поради неговото заминување предизвика големи реакции во англиската јавност.

Поголем дел од навивачите на Челзе се радуваат поради заминувањето на Еменало, но ова заминување со сигурност најтешко му падна на сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, бидејќи Еменало беше еден од ретките луѓе во кои имаше голема доверба.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еменало се обрати во јавноста.

„Ова беше тешка одлука, но верувам дека таа е исправна за мене, моето семејство и клубот. Имав привилегија во изминатите десет години да работам со едни од најголемите луѓе во спортот. Ќе останам навивач на Челзи и секогаш ќе давам поддршка на овој клуб“, порача Еменало кој кариерата би требало да ја продолжи во Монако.

Во медиумите шпекулираат дека причина за заминувањето на Еменало би можел да биде неговиот конфликт со менаџерот Антонио Конте.

Британските медиуми пишуваат дека проблемите на реалција Еменало – Конте започнале изминатото лето бидејќи Италијанецот не добил засилувања какви што посакувал и за тоа го обвини техничкиот директор. Конте денес истакна дека е му жал што Еменало заминува, но оваа ситуација од вчерашниот натпревар во која Конте го одминува Еменало беше причина за лавина шпекулациии.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Натпревари од Ла Лига ќе се играат во САД?

Првиот човек на шпанската Примера најави дека веќе од наредната сезона натпревари од шпанс…