Дома Фудбал Останато Експерт после пронаоѓањето на авионот открива: Пилотот не знаел каде се наоѓа!

Експерт после пронаоѓањето на авионот открива: Пилотот не знаел каде се наоѓа!

Вчера беше пронајден авионот со кој леташе Емилијано Сала од Нант кон Кардиф.

Авионот кој беше управуван од пилотот Дејв Иботсон, експертот и ловец на бродови, Дејвид Мернс кој беше ангажиран од семејството на фудбалерот го пронајде под вода.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако авионот се пронајде, јавноста се прашува зошто за тоа се молчело цели 15 часа и како тоа полицијата која имаше авиони и бродови на располагање не успеваше во три дена да го пронајде.

Меѓутоа, Хуан Де Азар (пилот со 400 летови над англискиот канал) фрла уште една дамка на пилотот Дејв Иботсон за кого беше откриено дека немал лиценца за превоз на патници и потенцира дека единствено тој е виновникот за трагичниот настан.

„Без официјалните извештаи никој не може да каже што се случувало таму горе. Но, она што е сигурно е дека тој лет не смеел да се случи, посебно не со пилот без лиценца. Она што досега го знаеме е дека пилтот пред да исчезне побарал да ја намали вистина. На таа рута јас сум летал повеќе од 400 пати и не е некоја посебно тешка. Барал да биде намалена висината затоа што авионот заледувал. Но, знаеме и дека пиотот не бил квалификуван за ваков лет , а тоа значи дека не ги знаел инструментите. Мислам дека тој во таа магла не знаејќи да ги користи инструментите бил дезориентиран – не знаел кај се наоѓа“, тврди Азар.

Ова тврдење на Азар дополнително добива на сила ако се знае дека пилотот Иботсон во 1995 година веќе предизвикал несреќа по негова вина. Тогаш Иботсон не знаел како да ги спушти тркалата за слетување, за среќа тогаш никој не настрадал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…