Би можело да се случи, го одложи одговорот. Прашање е поради што…
Атлетико најверојатно нема да може да го задржи Антоан Гризман, па неколку имиња се поврзуваа со „јорганџиите“ како потенцијална замена за Французинот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Денешното издание на „Марка“ пишува дека покрај Герар Морено кој има откупна клазула од 40 милиони евра (повеќе тука), опција би можел да биде и – Кун Агуеро!
Наводно, Аргентинецот го одложил одговорот и порачал дека ќе разговара после Мундијалот.
Според медиумите Агуеро има неколку понуди, но онаа од Атлетико би можела да биде посебна. Кун Мадрид го напушти во 2011 година, а сега би можел да се врати и да формира пеколен тандем со Диего Коста.