Германскиот весник „Билд“ денес излезе со информација дека поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, Томас Тухел ќе седне на кормилото на ПСЖ.
Еминентниот француски весник „Екип“ ја потврди информацијата и соопшти дека Томас Тухел е многу блиску до клупата на Пари Сент Жермен.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Весникот пренесува дека преговорите се во завршна фаза и дека се договараат последните детали. Притоа, Тухел веќе бара помошник тренер, кој ќе му се придружи во француската престолнина.
Покрај со своите фудбалски квалитети Тухел на состанокот ги импресионирал челниците на Пари Сент Жермен бидејќи течно зборувал француски јазик.
Во изминатите денови често се шпекулираше за иднината на Тухел. „Кикер“ тврдеше дека Германецот ќе седне на клупата на Арсенал, а „Билд“ неколку дена претходно соопшти дека ја одбил понудата на Баерн Минхен.