Дома Топ вести „Екип“: Ливерпул спрема сензационално враќање на Стерлинг

„Екип“: Ливерпул спрема сензационално враќање на Стерлинг

Во Ливерпул размислуваат да испратат сензационална понуда за ѕвездата на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, но само доколку Садио Мане се пресели во Реал Мадрид.

Оваа вест денес ја објави еминентниот спортски весник „Екип“ и тврди дека луѓето на „Енфилд“ стравуваат дека можат да останат без Садио Мане ова лето, па веќе бараат негова замена.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Стерлинг е спремен да го напушти Манчестер Сити доколку остане на сила казната на „граѓаните“ за неиграње во Лигата на шампиони во следните две години.

Тој неодамна и јавно призна дека нема ништо против да се врати во Ливерпул, клуб каде ја доживеа фудбалската афирмација.

„Екип“ тврди дека Стерлинг е отворен за враќање на „Енфилд“ и покрај фактот што таму е омразен поради начинот на кој го напушти клубот во 2015 година.

Клоп смета дека Англичанецот ќе биде идеален наследник на Мане и веќе спрема понуда доколку Сенегалецот го напушти „Енфилд“ ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Перез ја сака младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, побарал средба со крилниот напаѓач на Манч…