Дома Македонски спорт Мак фудбал „Екипа Пиво“ реагира: Вардар има армија навивачи ама – позади тастатура!

„Екипа Пиво“ реагира: Вардар има армија навивачи ама – позади тастатура!

Денес ФФМ потврди дека Вардар поради финансиските проблеми и втора година во низа нема да игра во Европа.

Дека во управата на Вардар нешто не е во ред јасно е веќе подолго време, а тоа се гледа и заминувањата на младите играчи од клубот. Што најлошо за црвено-црните најголем дел си заминуваат без оштета со присилно раскинување на договорот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По најновата ситуација и недобивањето лиценца со реакција на социјалните мрежи излезе една од најпознатите ФБ страни на Вардар „Екипа Пиво – ФКВ“. Тие порачуваат дека некој за ова што му се случува на Вардар мора да превземе одговорност.

„Официјално уште една сезона пропадната. Можеби треба Грне да објави некој статус, па да видиме барем некаква реакција од управата на Вардар.

Одговорност секако дека нема да сносни никој. Бидејќи нема кој да побара одговорност, а и тие кои го доведоа Вардар до оваа ситуација, мува не ги лази. „Армијата навивачи“ на Вардар е само позади тастатурата и мобилните телефони, но не и на стадион, кадешто и треба да биде. Таква „армија“ не му е потребна на ниеден клуб. Дури ниту на оние ропаците кои се ситат на оваа ситуација. Ним поголем мерак им се прави кога Вардар пропаѓа, отколку кога нивните малечки клубови напредуваат. Тотално небитни.

Џабе се секакви маршови сега. Или можеби маршот е наменет за следната сезона? Сеедно, на маршот сигурно дека „армијата“ ќе излезеше, но со притискање going на FB.

Вардар полека си тоне, скоро и да потона, а за тоа никој нема да сноси одговорност. Тука би ги споменале и вработените во клубот, како и стручниот штаб и играчите, посебно капитенот, кој секогаш кога ќе излезеше во јавноста некоја негативна вест околу Вардар, се појавуваше со некој негов статус на социјалните мрежи и објаснуваше како Вардар е едно црвено-црно семејство, дека ќе има добра иднина, само треба трпение и слични приказни. Можеби и самиот тој беше дел од оваа игра? Не можеме да знаеме, но сепак е доволно да се посомневаме, бидејќи не видовме никакви реакции ниту од играчите, ниту од стручниот штаб, а уште помалку и од другите вработени во клубот кон надлежните во клубот, кои не заслужуваат ни да бидат споменати.

Секоја чест на Тетовче и неговите играчи за оваа сезона, но сепак, можеби требаше да покажат заби, да се бунтуваат некако, за што би им дале мотив на сите оние кои им значи Вардар да застанат позади нив и да ги поддржат за нивно, но и за доброто на клубот. Сега ќе биде џабе и титулата да ја доделат.

Покрај целава ситуација, можеби ќе видиме некој пост „На денешен ден“, бидејќи тешко дека би добиле нешто повеќе. Можеби некоја оставка, ако ништо друго…“, стои во нивното соопштение.

Фото: Комити.орг

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Судиска анализа: Струга оштетена за пенал во Ѓорче

Во викендот кој е зад нас се играа натпревари од 28. коло во Првата македонска фудбалска л…