Полскиот напаѓач, Роберт Левандовски би можел на крајот на сезоната да ги напушти редовите на минхенски Баерн.
Кариерата би можел, 29-годишниот напаѓач ја да продолжи во Италија, поточно во редовите на актуелниот шампион Јувентус, кој покажува голем интерес за доведување на Полјакот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тутоспорт тврди дека „Старата дама“ е сериозна во намерата да го донесе Левандовски. Ќе се обиде да го ангажира следното лето и како што се наведува подготвиле огромна сума за да го облече дресот на „Старата дама“ полскиот напаѓач.
Меѓутоа, не е Јувентус единствен кој го посакува Левандовски. Тој оддамна се поврзува со Челзи и Реал Мадрид. И овие екипи најавија дека ќе се обидат да го донесат следното лето и секако фантастичниот фудбалер на Баерн ќе биде пред големо искушение.
Левандовски член на баварскиот великан стана во 2014. година. Стигна како слободен играч од Борусија Дортмунд, а со договор за Баерн е врзан до 2021. година.
Неговата цена на пазарот моментално е 80 милиони евра, а во изминатите три и пол сезони, Левандовски постигна 131 погодок во 173 настапи.