Дома Фудбал Англија Едно е сигурно: Озил нема да игра во кариерата за најконкурентниот тим за неговиот потпис

Едно е сигурно: Озил нема да игра во кариерата за најконкурентниот тим за неговиот потпис

Веќе нема дилеми. Месут Озил нема да игра за Барселона.

Имено, иако беше прва мета на Каталонците за зимскиот период, бидејќи дури на лето имаат намера да го донесат Кутињо, Германецот го шокираше раководството на Барселона кое планираше да тргне во офанзива, и да плати обештета на Арсенал, дополнително со договор за Арда Туран.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, барањата на Озил ги преминаа границите, тој бара 19 милиони евра, со што би станал четвриот најплатен играч во Европа, со сегашната платена структура, Барса тоа не може да си го дозволи и да сака.

Вториот услов пак, за Валверде е неприфатлив. Озил бара да му биде гарантирана минутажа покрај Ракитиќ и Иниеста, за да го задржи местото во германската репрезентација.

Тоа нема да се случи, па јасно е дека целата оваа приказна делува нереално и дека сигурно Озил нема да биде опција во текот на јануарскиот преоден рок.

И натаму најверојатно останува опцијата да остане во Арсенал до крајот на сезоната, а потоа да се пресели во Манчестер Јунајтед кај Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…