Навивачот на Мајорка кој неодамна го навредуваше Винициус Жуниор од Реал Мадрид на расна основа, сега е обвинет за оваа ситуација.
Тоа се случи на натпреварот помеѓу двата клуба на 5. февруари минатата сезона, а денеска беше осуден од арбитражниот суд во Мајорка.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Судот во Мајорка одлучи дека навивачот треба да добие едногодишна условна затворска казна која ќе се активира ако повторно направи некаков испад. Освен тоа, навивачот на Мајорка нема да смее да влезе на ниту еден стадион во Шпанија во следните три години.