Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ често пати се соочува со прашањето дали размислува за пензија, но неговиот одговор засега секогаш е ист.
На 36 години Ѓоковиќ и понатаму е најдобар тенисер во светот и разбирливо е зопто не сака да ја заврши една од најдобрите кариери во историјата на спортот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ѓоковиќ во овој момент е во Ријад каде што во четврток ќе игра егзибициски меч против Карлос Алкараз. Пред овој меч Ѓоковиќ одговараше на прашањата од новинарите. Во одговорот за неговото пензионирање Ѓоковиќ го искористи легендарниот квотербек Том Брејди кој на 45 години замина во пензија.
„Го познавам лично и многу научив од неговиот пример. Се надевам дека ќе има кариера кој ќе трае и во 40-тите. Се чувствувам одлично во своето тело и играв квалитетен тенис. 2023 година е еден од најдобрите во мојата кариера, зошто би застанал кога играш одлично. Одиме година, по година, па ќе видиме до каде ќе стигнеме“, заклучи Ѓоковиќ
Доказ за одличната година на Ѓоковиќ е и признанието кое го освои за најдобар спортист во 2023 година.
#TuesdayMotivaton
— TRAVEL&Sp🎾rts (@travel__Sports) December 26, 2023
🎙️ @DjokerNole 🇷🇸🐺
In Saudi Arabia earlier today, ahead of the exhibition match against Spain's @carlosalcaraz , the 36-year-old Serbian said he had NO plans to retire, hoping to continue playing beyond 40, referring to the career of buddy QB Tom Brady 🇺🇸 pic.twitter.com/syCZUlU3Jf