Дома Топ вести Еден од условите на Зидан бил буџет од 200 милиони – еве како би изгледал неговиот Челзи (ФОТО)

Еден од условите на Зидан бил буџет од 200 милиони – еве како би изгледал неговиот Челзи (ФОТО)

Маурицио Сари имаше одличен старт со тимот на Челзи, но во последно време поради лошите резултати на клубот се најде под притисок од јавноста, а тој притисок сигурно дека е зголемен после елиминацијата од ФА Купот.

Веќе неколку недели низ медиумите констатно се пишува за можен отказ на Сари во Челзи. Челзи и вчера не беше на нивото Манчестер Јунајтед беше подобар и однесе победа од „Стенфорд Бриџ“. Италијанскиот стратег после натпреварот ја обвини лошата среќа и веројатно така повеќе ги налути навивачите.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Mислам дека немавме среќа бидејќи во првото полувреме игравме подобро од противникот, а на крајот губевме со 0:2. Во второто полувреме беше тешко затоа што тие играа цврсто и се бранеа длабоко“, изјави Сари после натпреварот.

Неодамна шпански „АС“ пишуваше за незадоволство во соблекувалната на Челзи.

Соблекувалната на Челзи му го сврти грбот на Маурицио Сари, барем така тврди мадритски „АС“. Италијанецот повеќе не може да смета поддршката на играчите, а пред се од оние со поголем авторитет.

„Играчите не ги разбираат италијанските методи и не им се прифатливи и таквата ситуација започна да се гледа и на теренот“, пишуваше неодамна „АС“.

Главен фаворит за наследник на Сари е Зинедин Зидан, а сега се појави и фотографија од тимот на Челзи и желбите на Зидан.

Во текот на вчерашниот ден се пишуваше дека Зидан за да седне на клупата на Челзи побарал два услови – останување на Еден Азар и буџет од 200 милиони евра за трансфери.

Подоцна се појави и фотографија од тимот од Челзи кога Зидан би пристигнал во клубот. Интересно е што во врвот на нападот се наоѓа Икарди кој досега не се поврзуваше премногу со „сините“. Останатите играчи кои наводно би пристигнале се Иско, Алекс Телес и Калид Кулибали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…