Еден од најдобрите кошаркари на Реал Мадрид, Марио Хезоња се очекува да направи трансфер во редовите на лутиот ривал Барселона.
Договорот на Хрватот со Реал Мадрид истече и двете страни не успеаја да најдат заеднички јазик за продолжување на соработката.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Наводно, Каталонците на Хрватот му понудиле четиригодишен договор вреден 3 милиони евра по сезона. Реал Мадрид има опција да го задржи ако му понуди идентични услови, но шпанските медиуми велат дека „кралевите“ нема да ја израмнат понудата.
За Хезоња тоа би било враќање во поранешниот клуб, бидејќи од 2012 до 2015 играше за Барселона.