Дома Останати Еден и единствен – потполно новиот BMW Серија 1 пристигна во Македонија

Еден и единствен – потполно новиот BMW Серија 1 пристигна во Македонија

Со свеж дизајн, урбаниот THE 1 нуди совршен спој технологија, агилност и простор.

Спортски, кул, простран и елегантен, зачинет со свеж дизајн и најновите достигнувања од областа на комуникациските технологии, новиот ТHE 1 пристигна во продажниот салон на компанијата М Кар. Произведен во речиси 2.5 милиони примероци досега, BMW Серија 1 – ТHE 1 е навистина еден и единствен  – вистински BMW со свој личен, цврст карактер. Тој е се што би посакал урбаниот, современ возач.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Пристигнувањето на новиот THE 1 го најавува почетокот на една нова ера. Третата генерација на успешни премиум компактни модели ја одпочнува приказната на нова BMW архитектура со погон на предни тркала. Притоа препознатливото уживање во возењето и динамиката се задржани, како и надополнети со значително зголемување на просторот во внатрешноста. Напредните системи и иновативните технологии во него, како и интеграцијата на сите клучни компоненти од возната динамика и контролните системи, му даваат  значително зголемена агилност на новиот THE 1, која возачите лесно ќе ја препознаат. Петгодишниот развоен процес му овозможи на BMW да го сосредоточи сето свое искуство од последните години во врска со технологијата на погон на предни тркала од другите модели и интерпретира во новиот THE 1. Резултатот е досега невидена динамична прецизност кај автомобилите со погон на предни тркала, со која се поставуваат нови стандарди за премиум компактни класи.

Новиот модел е веќе во продажба и неговата понудата опфаќа бензински и дизел мотори: 118i, 116d, 118d i 120d xDrive. Бензинските модели располагаат со мотор од 1,5 литри и 140 KC, додека пак дизел моделите располагаат со сила до 190 KC. Благодарејќи на полесната каросерија, новиот мотор нуди подобри перформанси во однос на претходниот модел, забрзувањето до 100 km/h изнесува 4,8 секунди, со максимална брзина од 250 km/h.

За многумина омилен компактен модел – ТHE 1 е особено популарен во Европа. Моделите од третата генерација нудат значително поголем простор од претходниците со мала промена на надворешноста благодарејќи на врвната архитектура на BMW погон на предни тркала. Патниците на задните седишта ги чувствуваат главните придобивки, а истовремено се добива и поголем багажен простор.

Достапeн само како модел со пет врати, потполно новиот ТHE 1 e пет милиметри пократок од претходниците со 4.319 mm. Во поглед на ширината (сега 1.799 mm), пораснал за 34 милиметри додека пак вистината (1.434 mm) се зголемила за 13 милиметри. Со 2.670 милиметри, меѓуосовинското растојание е пократко за 20 милиметри од моделот од втората генерација. Кога станува збор за надворешниот дизајн, бубрежната решетка е зголемена, на столбовите се истакнува Hofmeister kink, како и две карактеристични странични линии. Внатрешноста е исто така унапредена, така што кај основниот модел е достапен екран на допир од 8.8 инча со „инфо-забавен” систем. Достапни се и опциите за гласовна контрола и контрола со гестови, а може да се нарачаат и варијанти со поголеми екрани – дигитална инструмент табла и HeadUp екран во боја од 10,25 инча.

THE 1 AND ONLY e слоганот на капањата за новиот BMW Серија 1, а сите ние на некој начин сме едни и единствени. На следниов линк може да превземете беџ за Facebook доколку сакате да бидете дел од оваа кампања – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Француски скијач во тежок пад остана без два заба 🎥

Французинот Клеман Ноел ко јсезонава победи на два слалома во вчерашниот велеслалом зарабо…