Зинедин Зидан се врати на клупата на Реал Мадрид.
После помалку од една година, францускиот стручњак одлучи да се врати на Сантијаго Бернабеу, а со неговото доаѓање е најавена вистинска револуција во Мадрид.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Веќе се појавија првите шпекулации за потенцијални засилувања на Кралевите за следната сезона, а се чини дека едно име веќе му ветил дека на лето ќе се пресели во Мадрид.
Се работи за ѕвездата на Челси, Еден Азар. Според пишувањата на шпанските медиуми, Зидан веќе разговарал со белгијскиот фудбалер, а тој му кажал “да“.
Азар така би требало да стане првото засилување за Реал во летниот преоден рок. Кралевите за неговите услуги ќе издвојат околу 130 милиони евра, а играчот ќе потпише долгогодишен договор.
Инаку, Азар никогаш не криел дека е навивач на Реал. Тој во 2012. година одби да се пресели во Мадрид и го продолжи договорот со Сините. Тоа го оправда со зборовите дека се уште не е спремен да се носи со притисокот да игра за Реал и веројатно тогаш донесе исправна одлука.
Азар неколку години е еден од најдобрите играчи во Премиер лигата. Со Сините освои две ПЛ титули, а постигна 105 погодоци на 338 одиграни натпревари.
Сега дојде време да сврти нов лист и извесно е дека ќе го гледаме во дресот на Реал.