Дома Фудбал Англија Еден ден по хет-трикот против Јунајтед: Манчестер Сити му нуди нов договор на Фоден

Еден ден по хет-трикот против Јунајтед: Манчестер Сити му нуди нов договор на Фоден

Фудбалерите на Манчестер Сити вчера го декласираа градскиот ривал со убедливи 6:3, а по три гола за „граѓаните“ постигнаа Ерлинг Халанд и Фил Фоден.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Само еден ден по овој натпревар од Островот ни пристигнува вест дека Манчестер Сити одлучил да му понуди на Фоден нов договор со подобри финансиски услови. Иако и претходно се пишуваше за нов договор на младиот фудбалер, сепак официјалната понуда изостана.

Во иднина Фоден би можел да заработува 240.000 фунти неделно. Играчот за врска со „граѓаните“ врзан до јуни 2024 година.

Според „Атлетик“ новиот договор на Фоден ќе има важност до 2027 година и според него би заработувал повеќе отколку во овој момент, но не се открива колку. Репрезентативецот на Англија неколку пати претходно истакна дека е од детството е навивач на Сити и дека му е чест што може да го носи дресот на овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп има нова работа во Саудиска Арабија?

Без разлика на неодамнешното негирање од неговиот агент, Јирген Клоп наводно води преговор…