Дома Фудбал Едгар Давидс заигра на 52-годишна возраст. Погледнете како денес изгледа легендарниот Питбул на теренот

Едгар Давидс заигра на 52-годишна возраст. Погледнете како денес изгледа легендарниот Питбул на теренот

Легендите на Ливерпул ги победија легендите на Ајакс со 4:2 во хуманитарен натпревар организиран од Фондацијата ЛФЦ на Енфилд.

Меѓу другите, за Ливерпул играа Фернандо Торес, Џибрил Сисе, Даниел Агер, Дирк Кајт, Макси Родригез и Јержи Дудек, а за Ајакс играа ѕвезди како Едгар Давидс, Деми де Зеју, Кики Мусампа и Дени Блинд.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најмногу внимание привлече легендарниот „питбул“ Едгар Давидс, кој и покрај 51 година, изгледа фантастично на теренот, како вчера да се откажал од фудбалот.

Секако, на неговото лице беа препознатливите очила кои ги носеше од 1999 година поради проблеми со очниот притисок.

Еден од најдобрите играчи од средниот ред од почетокот на векот, во кариерата играше за Ајакс, Јувентус, Интер, Милан, Барселона и Тотенхем, а со тимот од Амстердам беше европски првак во 1995 година.

Давидс беше помошник на неговиот поранешен селектор Луис ван Гал за време на Светското првенство во Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Милан избра нов тренер

Хулен Лопетеги би требало да биде тренер на Милан од следната сезона, пренесува „Газета де…