Во главната борба на УФЦ 286 кој се одржуваше во Лондон, Лион Едвардс го победи Камерон Усман со судиска одлука и го одбрани шампионскиот појас во велтер категорија.
Едвардс успеа да издржи неколку силни напади на Усман и со моќни удари ги освои гласовите на судиите во одлична тактичка борба.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Двајца од судиите гласаа со 48-46, додека еден гласаше со 47-47, па Едвардс го одбрани шампионскиот појас.
Во вториот главен меч во Лондон, Американецот Џастин Гетџи успеа да го победи на поени Рафаел Физиев, кој имаше одличен старт на борбата.