Дома Фудбал Лига на шампиони Египетскиот БОГ на модерниот фудбал ја покори „Волчицата“: Ливерпул со една нога во големото финале во Киев (ВИДЕО)

Египетскиот БОГ на модерниот фудбал ја покори „Волчицата“: Ливерпул со една нога во големото финале во Киев (ВИДЕО)

Екипата на Ливерпул убедливо на домашен терен славеше над Рома со високи 5:2 во рамки на првиот полуфинален меч во Лигата на шампионите.

Со овој триумф избраниците на Јирген Клоп со една нога се во големото финале во Киев.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Резултатот го отвори Салах во 36. минута, а беше прецизен и за убедливи 2:0 на полувремето во дополнителната минута од судиското продолжение.

Во вториот дел продолжи теророт на англискиот состав над „Римската волчица“ па на 3:0 на асистенција на несоборливиот Салах, прецизен беше Мане во 56. минута, додека последните два погодоци беа дело на Фирмино во 61. и 69. минута, во кои како асистент повторно се запиша Салах во првиот погодок.

Но, Рома до самиот крај не се откажа, па најпрво Џеко во 81. минута, а потоа и Пероти во 85. минута постигнаа погодоци вредни надеж за Римјаните пред реваншот за една седмица на „Олимпико“.

https://www.youtube.com/watch?v=hv5VGne8hc8

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…