Како ретко кога, Скопје овие денови ќе дише во духот на женскиот ракомет. Македонија после 14 години ќе игра на Европското првенство, а во Скопје ќе гостуваат селекциите од самиот ракометен врв.
Прв противник на нашите девојки ќе биде Франција со кој играме утре, тоа е селекција која е фаворит за самата завршница на турнирот, потоа следува вториот фаворит во нашата група Холандија, а групната фаза ја завршуваме со Романија. Натпреварите се играат на петти, седми и деветти ноември, сите се од 18:00 часот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сигурно дека на селекторот Савевски и девојките ќе им значи поддршката, па затоа и треба да им ја дадеме.
„Да се пишува за победите и успесите на нашата репрезентација е чест и задоволство, а овој ракометен настан ќе биде вистински празник за љубителите на спортот!“, порачуваат од Ракометната федерација на Македонија.