Дома Топ вести Европските гиганти се „тепаат“ за ѕвезда на Спортинг

Европските гиганти се „тепаат“ за ѕвезда на Спортинг

Европските гиганти се заинтересиран за дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Нуно Мендеш, пренесуваат англиските медиуми.

18-годишниот дефанзивец е младински репрезентативец на Португалија и важи за еден од најголемите таленти во Европа.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мендеш може да игра како лев бек и како стопер, а за него интерес покажуваат Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Реал Мадрид, Милан и Јувентус.

Неодамна Мендеш потпиша професионален договор со Спортинг Лисабон до 2025 година, а во него е поставена откупна клаузула од 45 милиони евра.

Во сезоната 2019/20, Нуно Мендеш одигра 17 натпревари за Спортинг У23, еден натпревар за екипата на У19, а исто така запиша и 9 настапи за првиот тим на Спортинг.

Европските гиганти веќе ја започнаа битката за неговиот потпис и се очекува Мендеш на лето да направи голем трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Елиминацијата на Алкараз е одлична вест за Ѓоковиќ и Синер

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изненадувачки беше елиминиран во четвртфиналето на турнир…