Дома Фудбал Репрезентации Европскиот шампион на колена: Ниту аматерската глума на Роналдо, не и помогна на Португалија

Европскиот шампион на колена: Ниту аматерската глума на Роналдо, не и помогна на Португалија

Фудбалската репрезентација на Холандија ја декласираше селекцијата на Португалија со резултат 3:0 во пријателскиот меч кој се одигра вечерва.

Холанѓаните веќе во првите 45 минути потполно го истришија европскиот шампион, а стартуваше Мемфис Депај во 11. минута.

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓

Тогаш на сцена стапија стоперите, Де Лигт имаше две асистенции, најпрво за Бабел, а потоа и за дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк во последните моменти од првото полувреме за конечни 3:0.

Најдобриот играч на светот, Кристијано Роналдо денес немаше свој ден, а сите зборуваат за неговиот очајнички потег да изнуди пенал.

Тој во еден момент со прилично лоша глума падна, веднаш се насочи кон судијата, но секако немаше ниту разговор за пенал.

Кога во 61. минута Кансело заработи втор жолт картон, беше јасно дека Португалија ќе остане понижена.

Оваа победа му влева надеж на селекторот Роналд Куман пред квалификациите за ЕП 2020, бидејќи Холанѓаните нема да играат на СП во Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …