ПСЖ и Челзи се први полуфиналисти во Лигата на шампиони, откако во четвртфиналето беа подобри од Баерн Минхен односно Порто.
ПСЖ и Баерн во Париз го одиграа еден од најубавите натпревари во ЛШ оваа сезона. Баварците победиј со 1:0, но на крајот се радуваа „светците“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
ПСЖ подобро го отвори мечот и во првото полувреме имаше неколку чисти шанси. Нејмар немаше своја вечер и во првото полувреме два пати ја погоди стативата и еднаш пречката.
Баварците ги казнија промашувањата и од првата шанса дојдоа во водство преку Чупо-Мотинг, резултат со кој се замина на полувреме.
Во вториот дел ПСЖ повторно ја имаше најдобрата шанса преку Нејмар, кој беше „краток“ на додавањето на Ди Марија.
Баерн се обиде со сите сили да постигне втор гол,но Баварците не успеаа, па се чини дека ПСЖ заслужено е полуфиналист.
Во вториот меч Челзи загуби на домашен терен од Порто со гол во последната минута, но после победата во првиот меч се пласира во полуфинале.